Мадона ги поддржа српските студенти: „Моќта на единството“

popara2 февруари, 20254min00
1738452678-Copy-of-kombo-kruzici-za-sajt-1-750x422

Американската пејачка и актерка Мадона на својот Инстаграм профил сподели приказна за студентските протести во Србија.

„Она што медиумите не ви го кажуваат е дека еден од најголемите студентски протести од 1968 година се одржува токму сега – во Србија“, стои во објавата што Мадона ја сподели на нејзината приказна.

Заедно со снимките од дронови, се опишува дека студентите ги затвориле речиси сите универзитети и дека во тек се 24-часовни блокади.

Се вели дека на улиците во Србија луѓето бараат системски промени и „помалку“ корупција во владата.

„Професорите и наставниците им се придружија на студентите во нивните протести и владата им се заканува дека ќе останат без работа“, се вели во објавата.

Ова е сериозен проблем, се додава.

„Мора оваа ситуација да стане вирална и да ги поддржиме студентите и луѓето во Србија. Стоиме со Србија“, стои во објавата што ја сподели Мадона.

Снимките од Србија беа придружени со познатиот хит на Мадона „Like a Prayer“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag