
Deprecated: explode(): Passing null to parameter #2 ($string) of type string is deprecated in /home/popara/public_html/wp-content/themes/bold-news/views/author_reviews.php on line 4
Во светот на хорор филмовите, неколку франшизи успеале да го достигнат нивото на успех и популарност како серијалот The Conjuring.
Филмовите за демонолозите Ед и Лорин Ворен привлекуваат милиони гледачи ширум светот повеќе од една деценија, а на приказната за оваа позната двојка ќе дојде крајот во филмот The Conjuring: Last Rites, чиј трејлер беше објавен денеска, пренесува Индекс.
Во новиот филм Патрик Вилсон и Вера Фармига за последен пат ќе ја портретираат двојката Ворен, која стана заштитен знак на оваа франшиза. Од нивната прва застрашувачка авантура во домот на семејството Перон до судирите со демоните и натприродните сили ширум светот, Воренови се соочија со најлошите ужаси. Но, овој пат, нивната мисија не е само да се борат против злото, туку и да се соочат со сопствените стравови и со крајниот тест.
Заплетот на филмот се фокусира на злогласниот случај на семејството Смарл, кој се случил во текот на 1970-тите и 1980-тите. Семејството Смарл тврделе дека живееле под закана од демонска сила во нивниот дом во Пенсилванија речиси две децении. За Воренс, тоа ќе биде најпредизвикувачкиот случај со кој се соочиле.
Филмот е во режија на Мајкл Чавез, веќе познат на обожавателите на франшизата за The Curse of La Llorona, The Conjuring: The Devil Made Me Do It и The Nun II. Продукцијата повторно ја потпишуваат Џејмс Ван, креаторот на целиот универзум Conjuring и Питер Сафран, долгогодишниот продуцент на серијата.
Сценариото го напишаа Дејвид Лесли Џонсон-МекГолдрик и Иан Голдберг, а филмот е базиран на вистински настани кои наводно го снашле семејството Смарл.
Покрај Вилсон и Фармига, во филмот глуми и Миа Томлинсон како нивната возрасна ќерка Џуди Ворен, а Бен Харди како нејзиното момче. Во актерската екипа се и Стив Култер, Ребека Калдер, Елиот Кауан, Кајла Лорд Кесиди, Бо Гадсдон, Џон Братертон и Шенон Кук.
Франшизата Conjuring стана најуспешната хорор франшиза во историјата низ годините, со вкупна заработка над две милијарди долари. Покрај главните филмови, франшизата вклучува и популарни спин-оф наслови како „The Nun“, „Anabelle“ и „The Curse of La Llorona“.
The Conjuring: Last Rites ќе се појави во кината на 5-ти септември оваа година.