Португалскиот град Албуфеира им забрани на туристите да се шетаат по костими за капење надвор од плажа – казните се превисоки

popara15 февруари, 20251min00
b_250215077

Градот Албуфеира, популарна дестинација на португалското крајбрежје, познат по своите прекрасни плажи и големиот број британски туристи, наскоро би можел да воведе построги мерки против оние кои шетаат низ градот во костим за капење или без маица.

Според новите прописи, туристите кои носат костими за капење или се шетаат голи надвор од плажа ќе се соочат со казни до 1.500 евра.

Одлуката за забрана за одење во костими за капење е донесена како дел од измените на градскиот кодекс на однесување, а целта е да се намали несоодветното однесување на јавни површини. Покрај тоа, градот се приклучува на листата на европски дестинации кои веќе спроведуваат слични закони, како што се Барселона, Дубровник и Ница.

Оваа промена уследи по инцидентот во кој осум британски туристи беа снимени како танцуваат целосно голи во бар среде бел ден, на главната улица за забава во Албуфеира.

Видеото кое стана вирално го привлече вниманието на португалските власти, кои потоа решија да воведат построги мерки за да спречат несоодветно однесување. Градоначалникот на Албуфеира, Хозе Карлос Роло, вети дека ќе го реши проблемот со „непослушното“ однесување на туристите и ја истакна важноста од одржување на јавниот ред.