
Состојки:
3 јајца
3 чаши палента
1 чаша јогурт
1 чаша брашно
1 чаша кисела вода
1/2 чаша масло
250 гр сирење
1 кесичка прашок за пециво
Подготовка:
Изматете ги јајцата, па додадете го јогуртот и изматете уште малку. Додадете палента, прашок за пециво и брашно. Прелијте ги со киселата вода и масло, па измешајте со лажица додека не се изедначи смесата. Додадете 200 грама рендано сирење. Истурете ја смесата во намрсена тава за печење и одозгора посипете го остатокот од сирењето. Ставете ја во загреана рерна на 200 степени и кога ќе зарумени намалете ја температурата на 150 степени и печете додека да порумени пројата.