
Актерката Синтија Ериво се врати во својот роден град за да присуствува на доделувањето на наградите БАФТА за 2025 година во лондонската кралска фестивалска сала.
Таа беше номинирана за главна актерка за нејзината улога во хит филмската музичка адаптација на „Wicked“.
Ериво пристигна во бел фустан кој ја прегрнува фигурата, со цветен дезен од тантела и изразена јака.
Актерката носеше многу блескав накит – вклучително и неколку зелени камења за да се осврне на Елфаба – и, како и секогаш, ги бојадиса ноктите за да одговараат.
Актерката на настанот носеше накит од Tiffany & Co, вклучувајќи и нараквица со дијаманти и смарагд и обетки. Таа носеше и три прстени од овој бренд.
На црвениот тепих Ериво разговараше со шефицата на БАФТА, Клара Амфо и рече дека за неа е голема работа да биде во Лондон и да биде номинирана на оваа церемонија на доделување награди.
“Ја сакам со целото мое срце. Таа буквално ми го промени животот”, рекла актерката за својот лик во “Wicked”.
Ериво, исто така, рече дека е толку трогателно што луѓето од сите возрасти и сфери на животот ја пеат „Defying Gravity“, песната по која нејзиниот лик е најпознат.