
Додатоците во исхраната често се рекламираат како брз лек за подобро здравје, но не сите се подеднакво безбедни. Некои содржат скриени состојки или, ако се земаат во прекумерни дози, може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, од оштетување на бубрезите до зголемен ризик од срцеви заболувања.
Докторот Питер Брункер објасни на кои додатоци во исхраната треба особено да се внимава бидејќи можат да бидат потенцијално опасни. Имено, прекумерното внесување на железо може да доведе до дигестивни проблеми како запек, гадење и болки во стомакот, а со текот на времето може да доведе и до оштетување на црниот дроб.
„Прекумерното внесување на железо може да доведе до состојба позната како преоптоварување со железо, што негативно влијае на црниот дроб и другите органи. Исто така, може да го наруши балансот на бактериите во цревата и да предизвика воспаление и дигестивни нарушувања“, вели д-р. Брукнер.
Покрај тоа, омега-3 масните киселини се познати по нивните позитивни ефекти врз здравјето на срцето, когнитивната функција и намалување на воспалението. Нивното прекумерно внесување може да предизвика несакани ефекти, особено кај луѓето кои користат лекови за разредување на крвта.
„Омега-3 масните киселини се корисни, но во големи дози можат да го зголемат ризикот од крварење и да предизвикаат неправилно чукање на срцето. Тие исто така можат да предизвикаат дигестивни проблеми како надуеност и гасови“, објаснува др. Брукнер.
Витаминот Д е клучен за здравјето на коските, а премногу од него може да доведе до проблеми.
„Ако се консумира во прекумерни количини, може да доведе до зголемено ниво на калциум во крвта, што може да биде штетно. Премногу калциум може да доведе до камења во бубрезите и да ја попречи апсорпцијата на други хранливи материи, што може да резултира со запек“, вели др. Брукнер.
Иако овие додатоци во исхраната се корисни во умерени количини, нивното прекумерно внесување може да направи повеќе штета отколку добро. Затоа, важно е да се обрне внимание на дозата.