
Оризот е една од најпопуларните намирници ширум светот, а неговата разновидност во подготвувањето јадења го прави незаменлив во многу кујни.
Сепак, многу луѓе се соочуваат со проблем кога оризот се залепи за тавата или тенџерето. За среќа, постојат неколку едноставни трикови кои можат да ви помогнат оризот да биде совршено сварен.
Еден од најефикасните совети е да додадете сок од лимон во водата пред да почне да се готви оризот. Само неколку капки сок од лимон во водата ќе помогнат оризот да биде мек и да спречи зрната да се залепат едно до друго. Дополнително, лимонот може да му даде поубава боја на оризот и да ја подобри неговата текстура.
Ако немате лимон, алтернатива е да додадете малку масло во водата пред да зоврие. Овој трик исто така помага оризот да не биде леплив, а исто така може да ја подобри неговата текстура.
Друго прашање што многу луѓе го поставуваат е дали е неопходно да се измие оризот пред да се готви?
Иако миењето на оризот не може значително да влијае на неговата лепливост, се препорачува да го измиете за да ја отстраните прашината, можните остатоци од лушпа или други нечистотии.