
Успешните мажи секогаш се попривлечни од оние кои можете да ги најдете во речиси секое кафуле или спортска обложувалница. На големо и пријатно изненадување, и мажите бараат исти такви жени – успешни и помалку достапни.
Според нив, фаталната жена би требало да ги има овие 4 карактеристики:
- Да има свој живот
Пријателки, колеги од работа, хоби… Интересната жена не очекува дека момчето треба да и ја исполни секоја минута во денот.
- Да има пополнет распоред
Не го чека повикот од момчето, туку се занимава со своите планови. Момците секогаш сакаат да имаат девојка околу која треба да се потрудат, а не девојка која мирно ќе ги чека дома.
- Да има мислење
Некои жени знаат само да климаат со главата на секој збор, затоа што се плашат дека момчето или мажот ќе ги остави. Ова е потполно погрешно, затоа што ретко кој маж ги почитува тие жени.
- Не е секогаш достапна
Жената која понекогаш не се јавува затоа што е преокупирана со обврски е секогаш поинтересна од онаа која се јавува штом телефонот заѕвони. Секако, без многу претерување и игнорирање.