
На премиерата на долгоочекуваното продолжение на Бриџит Џонс, се појави главната ѕвезда на филмот Рене Зелвегер (55). На црвениот тепих не прошета сама. Со неа пристигна долгогодишното момче Ант Анстед, а актерката предизвика гласини дека се верила со еден детал.
Двојката спремно позирала пред фотографите, а Антстед речиси цело време ја криел левата рака на Рене, пишува Дејли Мејл. Подоцна се виде дека истиот прст е обвиткан со два завои, што доведе до шпекулации дека актерката всушност криела веренички прстен под него.
Актерката носеше елегантен розов фустан без прерамки. Со него искомбинирала штикли во потемна нијанса.
Нејзиниот партнер бил облечен во темно кафеав костум, црна кошула и црни чевли.
Двојката е заедно во 2021 година, а се запознаа на снимањето на неговата серија „IOU Joyride“. Тие за прв пат се снимени во јавноста во истата година на забава на автомобилска компанија, чиј основач е Ант.