
Вилоу Смит, ќерката на Вил и Џејда Пинкет Смит, го привлече вниманието на Греми наградите благодарение на нејзината смела облека, како и украсите за забите.
Таа носеше долна облека Fleur du mal и долго палто од Александар Меквин. Таа се одлучи за штикли на платформа. Сепак, украсите за нејзините заби станаа тема на коментари на социјалните мрежи.
„Разбирам дека се труди да биде поинаква, но тоа воопшто не ѝ одговара“, „На прв поглед ми се чинеше дека имала заглавена салата во забите“, „Очајно се обидува да го привлече вниманието кон себе. “ се некои од нив.
Благодарение на песната „Big Feeling“ и албумот „Empathogen“, таа беше номинирана за Греми во три категории, но не успеа да ја освои оваа престижна награда.
Таа на црвениот тепих се појави со нејзиниот брат Џејден Смит, кој пак вниманието го привлече со необичен детал – макета на замок на главата.
Нивниот татко Вил Смит беше домаќин на церемонијата на доделување на наградите Греми заедно со Карди Би, Тејлор Свифт и СЗА. Наградите ги доделија Ентони Киедис, Чад Смит, Глорија Естефан, Оливија Родриго, Квин Латифа и Викторија Моне.