
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го прослави својот 40-ти роденден, а неговата партнерка Георгина Родригез му посвети емотивна објава по повод специјалниот ден.
“Честитки на нашата голема љубов, фала му на Бога што ми подари човек како тебе и ти благодарам за животот што ни го подари она што ни ја носи најголемата среќа – нашето семејство и нашите деца. За нашиот заеднички живот во кој цврсто се гушкаме! Само најдоброто!”, напиша таа на Инстаграм со заедничка фотографија.
View this post on Instagram
Инаку, Роналдо и Џорџина заедно ги имаат ќерките Алана Мартина и Бела Есмералда, кои се негови биолошки деца, додека сурогат мајките на фудбалерот ги родиле и близнаците Ева и Матео и синот Кристијано Џуниор. Во април 2022 година, за жал, го загубија синот, кој почина по породувањето.
Двојката се запозна во 2016 година на ексклузивна забава. Џорџина во тоа време работела во продавницата Гучи во Мадрид, но добила отказ откако била снимена со Кристијан на состанок во Дизниленд Париз, бидејќи на нејзините шефови не им се допаднало медиумското внимание, а останатото е историја.