Јајцата се вообичаен избор за брз појадок бидејќи не постои погрешен начин за нивно подготвување. Можете да ги сварите, да ги пржите или да направите кајгана – вкусот во секој случај ќе биде одличен.
Јајцата содржат висококвалитетни протеини, додека се нискокалорични. Меѓутоа, она што често не мачи при нивното купување е како да ги избереме најдобрите.
Ги земаме оние што се „убави за око“, додека јајцата со испакнатини и дамки на лушпата главно се избегнуваат. Експертите ја разјаснија дилемата зошто некои јајца изгледаат така и дали се безбедни за консумирање, пренесува Крстарица.
“Овие темни дамки се формираат на почетокот на процесот, додека јајцето сè уште “патува” низ кокошката. За време на ова патување, јајцето се врти и, ако тоа се случи премногу бавно, може да заврши со дамки. Нерамна лушпа од јајцето исто така се формира за време на овој процес”, тврдат тие.
Дали е безбедно да се јадат такви јајца? Краткиот одговор е – да.
Најважниот фактор кога станува збор за безбедноста на конзумирањето јајца е начинот на кој ги подготвувате. Јајцата може да содржат бактерија салмонела, која е втора најчеста причина за труење со храна во САД. Експертите предупредуваат дека црните или зелените дамки во лушпата од јајцето може да укажуваат на присуство на бактерија.