Реперот Џеј Зи и пејачката Бијонсе се „шокирани“ откако Канје Вест јавно ги нападна нивните две најмлади деца. Пред два дена, Вест ги искоментира менталните способности на седумгодишните близнаци Руми и Сир на навредлив начин, а потоа ја избриша својата објава.
Извори сега изјавиле дека славниот пар не може да прифати што реперот „зборувал за нивните деца на толку вулгарен и навредлив начин“.
„Џеј-Зи и Бијонсе се свесни за објавите што Канје во меѓувреме ги избриша и разговараат за тоа како ќе ја решат оваа ситуација, било приватно или на правен начин“, изјавил извор за „Пејџ сикс“ и додал дека парот не планира јавно да ја коментира изјавата на Вест.
Вест, откако ја избриша објавата на Икс, повторно ја објави во средата наутро и истакна дека не ја избришал за да биде „добра личност“.
„Сакам сите да знаете дека ја избришав објавата за семејството на Џеј-Зи и Бијонсе… затоа што постои можност да ми забранат пристап до Твитер“, рекол тој.
Не се само Џеј-Зи и Бијонсе згрозени од изјавите на Вест за нивните деца. Истото чувство го делат и многу од обожавателите на реперот, како и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан. Според извори, ријалити ѕвездата е „запрепастена“ од тоа што нејзиниот поранешен сопруг рекол за близнаците.
„ На Ким ѝ е доста и повеќе нема да се обидува да има разбирање за Канје кога станува збор за комуникацијата“, рекол извор.
Кардашијан смета дека неговите објави се „шокантни и навредливи“ и верува дека Вест не требало да ги вовлекува децата во расправијата меѓу него и славниот пар.
И мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, се огласи на Инстаграм по навредливата објава на Вест за нејзините внуци. Таа не го спомена раперот во објавата, но многумина веруваат дека мисли на него.
„Тешко ми е да останам позитивна и достоинствена кога се соочувам со вакво незнаење и зло. Но, знам дека ниту едно оружје насочено кон моето семејство нема да успее. Ова не е моја, туку божја битка, а Бог ќе ни помогне“, напишала таа покрај видео.
Објавата подоцна ја уредила и ги избришала овие зборови, но не пред да се прошири скриншот по социјалните мрежи.
Да потсетиме, во уште една од неговите избришани објави, Вест ги навреди децата на Џеј Зи и Бијонсе, близнаците Руми и Сир, тврдејќи дека се „ментално заостанати“.
„Чекајте, дали некој ги видел помладите деца на Џеј-Зи и Бијонсе? Тие се ментално заостанати, но буквално. Затоа вештачкото оплодување е благослов, да имаш ментално заостанати деца е избор“, напишал тој. Скриншот од објавата почнал да се шири пред реперот да успее да ја избрише.