Актерот од филмовите за возрасни Роб Бамптон од Квинсленд, чие индустриско име е Роби Оз, им ја откри на мажите најголемата грешка што ја прават во кревет и како со малку труд можат да излудат жена.
„На женското тело му требаат околу 20 минути за да се загрее. Масирајте и допрете ја пред да дојдете до „главниот чин““, советува Роб.
Дополнително, возрасниот актер вели дека комуникацијата е клучна.
„Прашајте ја за нејзините желби“, препорачува тој и им сугерира на оние кои не се особено сигурни во креветот, сами да вежбаат што сакаат да го подобрат во врската.
Бамптон вели дека менувањето на брзината и положбата за време на мастурбацијата може да им помогне и на мажите да бидат посамоуверени и поумешни со жената.
Актерот потсетува дека секоја жена е различна, и дека единствен начин да откриете што навистина му се допаѓа на вашиот партнер е комуникацијата.
“Мажите претпоставуваат и не прашуваат, што е голема грешка. Запомнете, секоја жена е различна и не ви треба голем пенис за да имате одлична врска. Мажите често се фокусираат на клиторисот, а не на задоволството од целата вулва и внатрешните бутови, а сето тоа го стимулира женското тело”.