Еве како магдоносот да преживее и до еден месец во фрижидерот – веќе нема да го фрлате

popara5 март, 20251min00
63032486-svjezi-persin

Без магдонос, нашите супи, салати и главни јадења не би биле целосни. Меѓутоа, најчесто купуваме премногу магдонос, а остатокот овенува и мораме да го фрлиме. Ако сте меѓу оние кои ги мачи овој проблем, прочитајте затоа што имаме одлично решение.

Постојат многу методи за зачувување на магдоносот, а еден од нив се издвои на социјалните мрежи и собра најмногу пофалби, особено затоа што вели дека магдоносот може да остане свеж и миризлив во фрижидер и до еден месец.

Како магдоносот да остане свеж до еден месец?

За овој трик ќе ви требаат сода бикарбона, вода, тегла и салфетка.
Во сад ставете вода и лажица сода бикарбона и потоа ставете го магдоносот во растворот. Оставете го магдоносот во овој раствор неколку минути, а потоа процедете го и добро измијте го, по можност трипати менувајќи ја водата. На овој начин добро ќе го исчистите овој зачин и ќе му го продолжите рокот на траење.
Ставете хартиена крпа на дното на теглата за да ја впие вишокот на влага, а потоа додадете го сечканиот магдонос. Овој едноставен трик може да ја продолжи свежината на магдоносот и до еден месец.

Ако сакате да го чувате магдоносот уште подолг временски период, замрзнувањето е најдобриот начин.

Како да замрзнете магдонос?

Прво, измијте го и исушете го магдоносот за да се отстрани целата нечистотија. Можете и да го бланширате, што значи накратко да го потопите во зовриена вода и потоа веднаш да го префрлите во ледена вода. Овој процес помага да се зачува бојата и вкусот на магдоносот. После тоа, исечкајте го магдоносот и ставете го во пластични кеси или контејнери за замрзнување. Ќе го задржи својот вкус и хранливи материи неколку месеци во замрзнувачот.

За љубителите на традиционалните методи, сушењето магдонос е уште еден начин да уживате во него надвор од сезоната. Сушењето е едноставен процес кој бара малку трпение, но резултатите дефинитивно вредат труд.

Како да се исуши магдоносот?

Едноставно измијте го магдоносот, исушете го и оставете го природно да се исуши на суво, воздушно место, подалеку од директна сончева светлина. По неколку дена, магдоносот ќе биде целосно сув и подготвен за сечкање. Сувиот магдонос можете да го чувате во херметички садови и ќе уживате во неговиот вкус во текот на целата година.

Како да го зачувате магдоносот во масло?

Друг интересен метод е зачувување на магдонос во маслиново масло. Овој метод не само што го зачувува магдоносот, туку создава вкусно маслиново масло кое може да биде совршено за готвење или зачинување јадења. Едноставно ставете цели гранчиња магдонос во тегла и прелијте ги со маслиново масло. Оваа смеса можете да ја чувате во фрижидер каде што ќе трае неколку недели, а воедно ќе имате и ароматично масло за јадење.