Жена офарбала јајца во сина боја на сосема природен начин: За овој воодушевувачки ефект потребни ви се само 2 чаја

popara5 април, 20251min00
460ce6dd4c41e4662116c8dfd82c4f94c1cc358c

Боење јајца на природен начин станува се попопуларно, а овој трик мора да го испробате. Тања обои 10 жолти, домашни јајца во нереална темно сина боја која личи на ѕвезденото небо на лушпата од велигденските јајца.

Ви треба:

Зелен чај
Чај од хибискус – цвет
Вода
Јајца
Газа

Подготовка:

Најпрво ги избелела јајцата така што свежите јајца ги ставила во ладна вода да киснат, а потоа додала 200 мл 9% алкохолен оцет. Кога јајцата се свариле, таа едноставно ја отстранила бојата со газа.

После тоа, таа сварила чај од хибискус и го процедила, но користела само цветови од хибискус. Сварила и зелен чај и го оставила на страна. Потоа зела газа и секое јајце го завиткала во крпа, во која претходно ставила неколку варени цветови хибискус. Завитканото јајце го ставила во зелен чај и сето тоа го повторила со останатите 9 јајца. Јајцата ги оставила во чајот 24 часа, а потоа ги одвиткала, ги избришала и ги премачкала со масло.

Погледнете колку прекрасно изгледаат.