За прв пат се појави во 1873 година благодарение на Levi Strauss & Co. за да ги заштити оригиналните фармерки од фалсификати.
Во тоа време, пазарот бил преплавен со копии со послаб квалитет, па споменатиот бренд вовел етикета од вистинска кожа со врежан мотив на два коња кои се обидуваат да скинат фармерки. Овој симбол ја означувал издржливоста на вистинскиот (нивниот) тексас и им олеснил на клиентите да го препознаат оригиналот.
Кожата во тоа време била скап и тешко достапен материјал, па фалсификаторите имале проблем да направат автентични копии. Покрај тоа, гравирањето на етикетата било направено со специјални машини кои не биле лесно достапни.
Денес, повеќето брендови користат жакард наместо вистинска кожа – материјал на база на целулоза кој имитира кожа и е поевтин за производство.
Етикетите веќе немаат заштитна функција, туку служат како дел од идентитетот на брендот, истакнувајќи го производителот и стилот на фармерките, а истовремено му оддаваат почит на оригиналниот дизајн на моделот Levi’s.