Лејди Гага откри кое прашање му го поставила на вереникот на нивниот прв состанок

popara8 март, 20251min00
b_250307167

Лејди Гага во новото интервју откри дека на својот сегашен вереник Мајкл Полански му поставила смело прашање на нивниот прв состанок.

Познатата пејачка се присети дека три недели разговарала по телефон со нејзиниот сега вереник пред да заминат на состанок.

„Разговаравме околу три недели по телефон секој ден, само што се запознавме, а Мајкл дојде во Вегас кога го правев моето шоу за да ме изведе на нашиот прв состанок“, рече таа.

Потоа низ смеа рекла дека уште пред да седнат го прашала дали сака брак и деца.

„Пред да седнеме, реков: Сакаш брак и деца? А тој рече: „Да“. И реков: „Добро, сакаш малку шампањ? А тој рече: „Се разбира“, се сеќава таа.

Гага додаде дека е „семејна девојка“ која сака „брак и деца повеќе од се“.

Гага и Полански се запознаа на хуманитарен настан во 2019 година, по што започнаа врска, а минатата година се верија.