„Молчи додека зборувам!“: Познатиот актер на најстрашен начин го понижи жена 26 години помлада од него

popara22 март, 20251min00
Screenshot_13

Актерот Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија неодамна присуствуваа на отворањето на Планет Холивуд во Њујорк, и одговараа на прашања на новинарите на црвениот тепих. За време на интервјуто, камерманите снимија непријатен момент меѓу парот кој стана вирален на социјалните мрежи.

 

 

 

 

Репортерот ја прашал двојката дали планираат да снимаат втора сезона од шоуто „The Baldwins“, чија прва сезона се емитуваше на крајот на февруари оваа година. Хиларија застана за момент пред да одговори, а Алек на шега рече: „Шоуто на Хиларија“. Неговата сопруга потоа додаде: „Не, мислам дека ќе видиме, знаете, ќе видиме какво е чувството да се биде разоткриен“.

 

Алек потоа се врати во разговорот. „Ќе биде одлично. Ти си победничка“, рече тој. Тогаш Хиларија одеднаш се сврте кон него и налутено му рече: „О Боже. Кога јас зборувам, ти не зборуваш. Тоа ме нервира и не е убаво“. Актерот ѝ се извини, а Хиларија му повтори дека кога таа зборува тој мора да молчи.

 

Таа потоа се сврте кон новинарот и се пошегува: „Затоа ќе треба да го исфрлиме од шоуто“. По неколку секунди тишина, Хиларија се насмеа и продолжи да одговара на прашањето. „Мислам дека ова е многу сурово шоу и е реално, презедовме многу ризици и ќе видиме каде ќе нѐ однесе“, рече таа меѓу другото.

 

За време на интервјуто, Алек зборуваше за разликите помеѓу телевизиско шоу без сценарио и читање од сценарио. Тој рече дека кога станува збор за нивниот секојдневен живот и рутини, чувствува „желба да го направи посмешно отколку што всушност е“. Тогаш Хиларија се вмеша во разговорот и рече дека не мисли дека нејзиниот сопруг го прави шоуто смешно.

„Се обидувам. Не го сфати ли тоа од серијата“ ѝ се обрати тогаш актерот, на што неговата сопруга одговори: „Не. Ајде само да го отсечеме тој дел. Ајде да те отсечеме кога се обидуваш да направиш нешто смешно“.

 

Во останатиот дел од интервјуто, Хиларија зборуваше подетално за нивното шоу, а неколку пати го обвини Алек дека ѝ го одвлекува вниманието. Сега ми го одвлекуваш вниманието. Сега го правиш ова, зошто? Тогаш актерот се обидел да ѝ даде комплимент дека го зашеметува со нејзината убавина, но таа не му се заблагодари за комплиментот, туку повторно му рекла дека ѝ го одвлекува вниманитео од интервјуто.

 

Во еден момент Алек повторно ѝ кажал на сопругата дека е убава, по што таа се свртела кон него и повторно налутено му рекла: „Престани, досаден си. Престани. Не е слатко. Само ми го одвлекува вниманието“. Алек потоа погледнал кон камерата и тивко кажал неколку зборови, кои ги видела неговата сопруга. Таа потоа ги фрли рацете во воздух и рече: „Го напуштам ова интервју веднаш“.

 

Новинарот потоа ја смени темата на разговор, а Алек на самиот крај на видеото почна да се оддалечува од сопругата. Непријатниот момент го привлече вниманието на јавноста, а многумина се огласија на социјалните мрежи за да го споделат своето мислење за нивниот разговор.