Откријте го овој едноставен трик како да ги задржите јагодите свежи подолго време

popara4 април, 20251min00
b_250404211

Наскоро започнува сезоната на јагоди, омиленото овошје на многумина, а многу е важно да знаете како да го зачувате ова овошје за да не скапува.

Јагодите, како и другите бобинки, лесно можат да почнат да скапуваат ако не ги складираме на правилен начин. За среќа, постои едноставен трик кој ќе ви помогне да ги задржите јагодите, како и другите бобинки како малини и капини, подолго време свежи.

Еден од најефикасните начини за зачувување на свежината на јагодите е да користите едноставна состојка која веројатно ја имате дома – оцет. Во сад измешајте половина шолја оцет со две и пол чаши вода. Потоа во оваа смеса ставете ги јагодите и оставете ги неколку минути. Оцетот ќе ги уништи бактериите кои предизвикуваат брзо расипување на плодовите.

Откако ќе ги натопите, многу е важно јагодите добро да ги исушите. Колку подобро се исушат, толку подолго ќе траат. Кога јагодите ќе се исушат, можете да ги чувате во фрижидер или ако сакате подолго да останат свежи, ставете ги во кутија обложена со хартиена фолија која ќе го впие вишокот на влага.

Овој трик можете да го примените и на други видови бобинки, како капини и малини, кои ќе им го продолжат рокот на траење и ќе ви овозможат подолго уживање во свежото овошје.