Ви треба:
4 средни тиквички
200 гр мелено месо
1 кромид, ситно сецкан
2 чешниња лук, ситно сецкани
1 морков, изрендан
1 домат, сецкан
1 јајце
сол, бибер, магдонос по вкус
50 гр рендано сирење
Подготовка:
Исечете ги тиквичките на половина по должина и издлабете ја средината. На малку масло пропржете ги кромидот, лукот, морковот и месото. Додадете домати и динстајте додека не омекнат. Се трга од оган, се додава јајцето, зачините и сирењето, па се меша убаво. Полнетите тиквички ставете ги во плех и печете ги во рерна загреана на 180 степени околу 30 минути.