Рецепт за домашни тортиљи кои се совршени дури и ако постите

popara5 март, 20251min00
Рецепт за тортиљи

Ако не знаете што да ручате – тортиљите се секогаш вистинскиот избор. Овие разновидни закуски се одлични за носење на работа,можете да им ги подгответе на децата за ужина, но ние ги сакаме во сите прилики бидејќи можеме да ги подготвиме на безброј начини.

Тие не се баш евтини во продавниците, па можете да се обидете да ги направите сами дома. Плус, тие се идеални за пост ако постите, па вреди да ги засукате ракавите и да се фатите за работа.

Подготовката е навистина брза и едноставна, а подолу можете да најдете рецепт кој ќе ви го докаже тоа.

Домашни тортиљи – состојки:

300 гр обично брашно
половина лажичка сол
половина лажичка шеќер
5 лажици масло (може и маслиново масло)
200 ml топла вода

Домашни тортиљи – подготовка:
Замесете тесто од горенаведените состојки. Оставете го тестото да одмори 15 минути.
Поделете го тестото на шест еднакви делови (или повеќе ако сакате мали тортиљи).
Секој дел обликувајте го во топка и тенко расукајте ја топката.
Пржете ги во тава без масло на средна температура.
Готовите тортиљи редете ги една врз друга и завиткајте ги во крпа да омекнат.
Пополнете по желба.