Потребно е:
500 мл млеко
1 лажица салеп во прав
1-2 лажици шеќер
1 лажичка цимет
1 лажичка мелени ф’стаци
Подготовка:
Во тенџере се ставаат млекото, шеќерот и салепот и се варат додека не почне да врие со постојано мешање. Оставете го на шпорет уште 5 минути, па истурете го во шолја. Напитокот украсете го со цимет и ф’стаци.