Секс митови во кои многумина сѐ уште веруваат

popara11 февруари, 20251min00
Screenshot_5

Постојат многу митови за сексот во кои многумина сè уште веруваат и ги пренесуваат.

 

 

 

 

Секс експерти, едукатори и сексолози за Huffington Post ги разјаснуваат митовите и вистините во кои многу луѓе сè уште веруваат.

 

  1. Мажите кои премногу гледаат порно филмови не се способни за секс

 

Нема никакви научни резултати кои докажуваат дека мажите кои редовно гледаат порно филмови немаат добар перформанс во кревет.

 

„Еректилната дисфункција е честа и може да му се случи на секој маж. Кога ќе дојде до тоа многумина се запрашуваат дали е во прашање премногу гледање порно филмови, иако тоа не мора да биде причина. Всушност, најголемата причина е анксиозноста која настанува поради страв од недостаток на искуство, недостаток на самодоверба и слично“, вели сексологот Џиџи Енгл.

 

  1. Мажите кои фантазираат за анален секс веројатно се хомосексуалци

 

„Коренот на овој мит доаѓа од идејата дека однесувањето претставува реален идентитет. Важно е луѓето да сфатат дека однесувањето и идентитетот немаат никаква врска. Тоа како вие се идентификувате е лично и вам својствено, баш како што му одговара на вашето тело“, додава Енгл.

 

  1. Сексот е добар само ако заврши со оргазам

 

„Сексот преминува многу повеќе димензии. Не е важно кој вид на секс го преферирате, важно е да уживате, а оргазмот тогаш паѓа во втор план“, вели терапевтката Лиз Афрон.

 

  1. Сексот во живо изгледа како сексот во порно филмовите

 

Многумина сметаат дека е ова вистина бидејќи токму таквите содржини се нивниот прв увид во овој свет и сметаат дека сè изгледа како што гледаат во филмовите.

 

„Во порно филмовите сè е совршено, додека во реалноста се случуваат поинакви работи. Во реалноста многу често се случува некој да ожедне и да стане да отиде до кујната, некој да падне од креветот, на некој друг да му се случи друга работа. Има многу различности меѓу филмовите и реалноста“, вели Афтон.

 

  1. Мастурбирањето во врска значи дека партнерот не ве задоволува

 

„Не е важно дали сте во врска или сте слободни, мастурбацијата е нормална работа“, вели секс терапевтот Џенет Брито.

 

Доколку сте го затекнале партнерот како мастурбира или за тоа ви зборува, не мора да значи дека не е задоволен со вас и вашиот однос, односно тоа не треба да го сфатите лично.