Што мислите? Дојде одговорот на прашањето дали се посреќни паровите кои спијат голи или облечени

popara8 март, 20251min00
63029835-par-u-krevetu

Наизглед мали ритуали и навики кои ги споделуваме со партнерот може да имаат поголемо влијание врз врската отколку што мислиме. Од начинот на кој комуницираме во текот на денот до тоа како се релаксираме пред спиење, сè игра улога во градењето блискост.

Но, дали некогаш сте размислувале дека начинот на кој спиете може да влијае и на вашата среќа во врската?

Мислиме на тоа дали спиете облечени или се уште носите пижами. Можеби ова прашање ви изгледа чудно, но според некои истражувања, за паровите кои спијат без облека се вели дека се посреќни и поповрзани од оние кои избираат пижами или долна облека.

Зошто се посреќни оние кои спијат голи?

Истражувањето на британската компанија Cotton USA покажа дека 57% од паровите кои го делат креветот голи се чувствуваат позадоволни во нивната врска. Експертите тврдат дека допирот на гола кожа го поттикнува лачењето на окситоцин, хормон поврзан со љубов, доверба и чувство на сигурност.
Покрај тоа, спиењето без облека може да го подобри квалитетот на сонот, да ја регулира температурата на телото, па дури и да промовира интимност.

Се разбира, не постои универзално правило. На некои луѓе им е поудобно во пижами, а среќата во врската не зависи само од тоа што носите (или не носите) во кревет. Клучот лежи во заедничките навики, комуникацијата и чувството на удобност.

Но, ако барате лесен начин да се поврзете со партнерот, можеби е време да ги отфрлите пижамите. Пролетта и потоплите денови се на прагот, па можете да се обидете ако сакате.