
Ќе ви требаат:
5 белки
250 г шеќер
200 г шлаг
по вкус малини
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 степени. Во сад, матете ги белките додека не се формираат цврсти врвови и полека додадете го шеќерот. Потоа истурете ја смесата во плех за печење и формирајте круг. Печете околу 10 минути во рерна претходно загреана на 150 степени. Потоа намалете ја температурата на 100 степени и печете уште еден час, додека не добиете крцкава кора. Оставете ја кората во плехот за печење целосно да се олади. Изматете го шлагот одвоено. Премачкајте врз изладената кора и декорирајте ја тортата со малини.