
Џенифер Лопез го пресоздаде познатиот изглед од старо видео.
Џенифер Лопез повторно предизвика бура од коментари на социјалните мрежи откако покажа дека сè уште може да ги носи истите фармерки што ги носеше пред 25 години. Тоа се легендарните фармерки на Версаче од видеото од 2001 година за песната „Ain’t It Funny“.
Пејачката потврди на Инстаграм дека станува збор за истите панталони, кратко пишувајќи: „Ова се оние од видеото“. Во оригиналното видео, Џенифер носеше впечатливи двобојни фармерки со врвки и црн краток топ што го откриваше нејзиниот стомак. Видеото беше снимено во циркуска атмосфера и ја следеше приказната за невозвратена љубов, а песната беше голем хит.
Сега Џенифер Анистон повторно ги носеше истите фармерки, но ги комбинираше со бел топ, што веднаш предизвика коментари од фановите дека изгледа речиси исто како на почетокот на 2000-тите.
Новото видео е создадено во соработка со актерката Мика Абдала од популарната серија „Off Campus“. Двете снимија хумористична рекреација на сцена во која Мика носи фустан инспириран од познатиот зелен фустан на Версаче што Џенифер Лопез го носеше на доделувањето на Греми наградите во 2000-тите.
Во видеото, Мика вели: „Не ја познавам лично, но сум прилично сигурна дека тоа е Џеј Ло“, на што пејачката се смее и одговара: „О, Боже, тоа сум јас“.
Џенифер напиша со објавата: „Нова генерација луѓе што се забавуваат“, а потоа заедно танцуваа на нејзината песна „Get On The Floor“. Обожавателите на серијата беа особено воодушевени од моментот кога Мика носи модерна верзија на познатиот зелен фустан. Актерката подоцна откри дека создавањето на фустанот било многу напорно и дека поминала низ пет проби за да изгледа што е можно поверно на оригиналот.
Џенифер Лопез претходно изјави дека нејзиниот стилист првично не сакал таа да го носи познатиот зелен фустан бидејќи Донатела Версаче го носела пред неа. Сепак, нејзиниот менаџер Бени Медина инсистираше тоа да биде конечниот избор и се покажа дека не погрешил.