Уапсен човекот кој ги создаде отровните силиконски гради!

popara26 јануари, 20121min00
hby8

Француската полиција успеала да го фати и уапси Жан Клод Мас, основачот на компанијата „Poly Implant Prothese” (PIP), која ги произведуваше штетните силиконски импланти за гради, јавила агенцијата Франс Прес, повикувајќи се на извор од полицијата.

„Жан Клод Мас е уапсен во домот на еден негов соработник и е ставен во притвор“, навел изворот.

Мас е уапсен во рамките на истрагата која започна во декември минатата година поради сомневање дека неговата компанија проиведувала штетни силиконски импланти. Истрагата ќе треба да утврди дали основачот на компанијата ќе биде обвинет за убиство и загрозување на животите на многу жени.

Лекарите во Франција пријавиле повеќе од 20 случаи на рак кај жените кои имале вградено од штетните силиконски гради, но се уште не е утврдена директната поврзаност на болеста со имплантите.

Француската влада сепак препорача сите оние десетици илјади жени кои имале вградено импланти од оваа компанија да ги отстранат и поради ризикот да заболат од рак.

Компанијата на Мас годишно произведувала 100.000 импланти на база на индустриски, не на медициснки силикон, а со тоа заштедувала и до милиони евра годишно. Мас веднаш ги отфрлил обвинувањата дека неговите производи се штетни по здравјето.

Се проценува дека во светот се продадени помеѓу 400.000 до 500.000 импланти на оваа компанија, од кои највеќе во Западна Европа и Јужна Америка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma