Доколку ви здосадија online-преведувачите засновани на компјутери, како Babeifish или Google Translate, Ackuna нуди решение.
Ackuna е преведувачки проект на Translation Services USA кој ги поврзува поединците ширум светот со човечки преведувачи кои можат да ви ја понудат вистинската фраза или збор.
„Градиме заедница на преведувачи и луѓе на кои им треба превод, во која ќе ги разбиеме јазичните бариери”, вели Ник Смит, веб продуцентот на Ackuna.
„Секако дека во сферата на феловната комуникација и издаваштвото секогаш ќе бидат потребни професионални преведувачи, но кај нас станува збор за секојдневни, практични преводи”.
Смит вели дека Ackuna е совршена за некој кој патува или се спрема за пат. Постои опција за корекција на граматиката и преводот, а можете и да гласате за точноста на некој превод.
Сајтот сеуште е нов и засега има 15 јазици за користење, но Смит се надева дека ќе привлече уште поединци заинтересирани да се вклучат во самото тоа и да ја прошират листата.
„Нашата предност на Google е тоа што живи луѓе преведуваат. Google Translate е компјутер кој работи според алгоритам, што не секогаш мора да даде точен превод”.
Google Translate секој месец го посетуваат 200 милиони корисници.