Еден ген кај некои мајмуни може да го подобри ефектот на вакцината против СИВ, мајмунската верзија на ХИВ вирусот, а тоа би можело да помогне на истражувачите за да развијат подобра вакцина против СИДА-та, изјавиле денеска американските научници од Медицинскиот факултет на Харвард, објави Танјуг.
Тие вакцинирале поголема група мајмуни, а потоа неколку пати во текот на две ндели повеќе пати ги изложиле на СИВ вирусот, по што заболеле само половина од вакцинираните животни, пренесува AFP. Оние кои покажале отпор на заразата поседувале ген TRIM5.
“Тоа ни кажува дека веројатно и кај луѓето постојат одредени гени, кои се изразени кај одредени поединци, кои допринесуваат за заштитата“, изјавил лидерот на истражувањето, професорот Норман Летвин. Тој објаснил дека не треба да се проучуваат одговорите на антителата на вакцината против сидата, туку и генетскиот склоп на вакциниараната личност, бидејќи кај мајмуните дека двата овие фактори може да бидат од големо значење.
Тестирањето на одредени вакцини против сидата во 2009 година во Тајланд, покажало дека е остварена парцијалан заштита, ризикот од заболување од таа болест кај вакцинираните лица е смален за 31,2%, но ефикасноста на вакцината по три години е намалена.
Професорот Левите, шпекулира дека вакцинирањето можеби би можело да оствари заштита од вирусот од 50 до 60%. Покрај тоа оваа заштита би можела да биде потрајна од вакцината тестирана во Тајланд.
Од 1981 година од сидата во светот имаат починато повеќе од 25 милиони луѓе, а со оваа болест се заразени 33 милиони.