Потребни состојки:
- 500гр зрели праски
- 250гр брашно
- 80гр мелени интегрални бисквити
- 150гр путер
- 1 јајце
- 1 жолчка
- 1 ванилин шеќер
- сол
- 50гр бадеми
- 2 лажици кафеав шеќер
- 1 лимон
Начин на подготовка:
Подгответе тесто од брашно, мелени интегрални бисквити, ванилин шеќер, малку сол, на коцки исечен путер, едно јајце и жолчка. Изрендајте кора од еден лимон и по потреба додадете неколку лажици ладна вода. Праските излупете ги и исечете на парчиња, па додадете ги во сад и посипете со кафеав шеќер и со неколку капки лимон. Развлечете го тестото и ставете го во подмачкан плех. Посипете со мелени бадеми, а одозгора наредете ги парчињата од праските. Колачот печете го околу 40 минути во рерна загреана на 200 степени.