Познати масони во Велика Британија – 1 дел

popara4 јуни, 20113min00
0111

Англија

Англија е држава во која отсекогаш владеело слободното ѕидарство. Бидејќи се чувствувале запоставени од Sir Christopher Wren (Големиот мајстор Wren), четири ложи се имаат оддалечено од основната прва Голема ложа. Sir Christopher Wren (1632-1723) го водеше обновувањето на Лондон после големиот пожар во 1666 година. Тој бил научник и астроном, пред да започне да се занимава со градежништво. Wren станува дел од лондонската Ложа во 1691 година.

На празникот Св. Иван, на 24 Jуни 1717 година е организирана средба помеѓу четирите ложи – “Гуски”,  “Круни”, “Јаболко и Римјанин”, “Грозје” (ложите го добивале своето име според местото каде што се собирале) – за прв Голем мајстор е избран Anthonyha Sayera. Една година подоцна во периодот од  1718-1719 и 1720-1721 година, оваа почесно место го превзема George Payne. Во текот на своето владеење George, доби бројни заслуги, бидејќи успеа да издејствува да се соберат голем број на стари документи и протоколи. Исто така, го има најдено дневникот на Cookov кој датирал од 15от Век. Но, сепак најзначаен Голем мајстор бил Théophile Désaguliers кој ја имал оваа функција во периодот од 1719-1720 година. После овие тројца мајстори па се до денес, функцијата Голем мајстор им припаѓа само на лица кои се благородници или потекнуваат од кралските фамилии. Војводата John од Монтагуал во периодот од 1721-1722 година е назначен за Голем мајстор во Ложата, а од 1722 до 1723 година бил именуван Војводата Philip од Вартон, за веќе во 1724, Karl Lennox, Војводата од Ричмонд и Обињи. Тој потекнува од позната англиска фамилија, негов татко бил Karl Lennox, законскиот син на Karlo II од Англија, а неговата мајка Loise de Kéroual, политички претставник од дворецот на Luj XIV. Овој начин на избирање на Големите мајстори, допринесе полесно да се прифаќа и признава ложата, а со тоа се зголеми и можноста за пристап кон дворецот.

Овој период се карактеризира со донесување на одлуките кои овозможија да се намалат фракциите во ѕидарството и да се формира фонд за сиромашните членови од Големата ложа.

Знак за цврстата поврзанот меѓу членовите се согледува во фактот што во протестанскиот дел на Англија, за Главен мајстор во 1730 година е избран католик – Thomas Howard VIII Војвода од Норфолк.

Високопреосветениот James Anderson (1679-1739), презвитерианскиот свештеник во Лондон, влезе во Шкотската Ложа во 1721 година. Тој реализира голем број на активности кои и ден денешен се значајни за слободното ѕидарство. Anderson го изготви текстот “Старите должности“ и врз основа на тој документ на 28 Февруари 1723 година се објавени Основните конституции на слободното ѕидарство (The Constitutions of Free-Masons). Во 1738 година Anderson ја има дообработено истата книга со вметнување на нови важни информации и издадена е под насловот Старите статути на слободното ѕидарство (The Old Charges of the Free and Accept Masonary). Слободните ѕидари се раководат и до ден денешен според регулативите и конституциите напишани во овие два документа.

Голамата ложа на Англија имаше многу бавен развој. Во 1721 година вклучуваше само 12 ложи, за веќе од 1725 година, 138. После поделбата на Модерни (Moderns, 387 ложи)и Стари (Antients, 260 ложи) дојде до нивно обединување на празникот Св. Иван (според евангелски календар) на 27 Декември 1813 година. Важно е да се напомене дека на чело на Moderns и Antients беа поставени членови од кралскиот дворец. Така, Принцот од Велс (подоцна Georg IV) во периодот 1790-1813 година е Главен мајстор на Moderns, а од наредната година беше заменет од неговиот брат Augustus Frederick, Војводата од Сасекс. Истата година, неговиот брат Edward, Војводата од Кент (и двајцата потомци на George III) бил назначен за Голем мајстор на Големата ложа на Antients. Во 1813 година, Голем мајстор на Обединетата Голема ложа (United Grad Lodge of Ancient Freemasons of England) година е именуван Војводата од Сасекс.

Слободното ѕидарство во Велика Британија после 1738 година

Претседателите и надгледувачите во Англиската ложа имаа можност да учествуваат за време на состаноците на Големата ложа и имаа право на глас. Во периодот помеѓу 1740-1750 година дојде до огромен пораст и ширење на лондонската ложа, што всушност претставуваше проблем. Поради тоа, повторно беше донесена насила одредбата од 1724 година – лондонските слободни ѕидари да припаѓаат само на една ложа. Почна да опаѓа посетеноста на заседанијата на Големата ложа, а членовите кои беа на високи позиции почнаа да стануваат незаинтересирани за функционирањето на ложата. Сепак, намалувањето на бројот на членови се објаснуваше со фактот дека голем дел од членовите заминале во воената акција за време на војната за автриското наследство (1740-1748), бунтот на Јакобинците во 1745 година.

Овој проблем уште повеќе зеде замав, кога бил избран петтиот Лорд Byron за Голем мајстор. Иако дал, ветувањето дека ќе се заложи за “напредок на ѕидарството“, Лордот Byron бил дел од церемонијата кога го назначиле на функцијата на 30 Април 1747 година и оттогаш па се до 16 Март 1752 година не учествуваше на ниту една церемонија односно се до датумот кога беше именуван неговиот наследник.

Ложата од Јорк претставуваше првиот конкурент на Големата ложа, во која уште од 1705 година членови беа дел од грофовската фамилија Јорк. Настојуваше да стане најстара ложа, бидејќи според информациите на Anderson, оваа ложа прв ја има формирано Принцот Edwin во 926 година.

Во 1725 година самата се прогласи за Голема ложа на цела Англија, но веќе во 1735 година престана со своето дејствување за повторно да се активира во 1761. Од еден од документите на вториот Голем надгледник во Големата ложа Sir Francis Drake, може да се заклучи дека во 1726 година ложата функционираше на сите три нивоа. Нејзините обреди се познати под називот “Ritual York” и во САД се сметаа за едни од најстарите и најчистите ѕидарски ритуали. Сестринска Голема ложа на Јорк немаше значајно влијание врз работата на првата Голема ложа, бидејќи единствено функционираше на подрачјето на Јорк.

Во сосема друг правец се движеше развојот на Старата Голема ложа, која во 1751 година ја сочинуваа голем број на Ирски слободни ѕидари. Основањето на Старата Голема ложа во почетокот не предизвика никакви реакции кај првата Голема ложа. Но веќе во 1755 година се забележуваат првите несогласувања поради кои “Старата“ ја прогласуваат за нерегуларна и им се забранува правото да учествуваат во првата Голема ложа. Конкуренцијата внесе нов бран во првата Голема ложа и се почувствува побрз развој, па веќе во 1782 година е избран Неговото височество Принцот Henry Frederick, Војводата од Камберленд за нов Голем мајстор.Секогаш кога за Голем мајстор е назначен од кралската фамилија се избира и извршен Голем мајстор (кој денеска се нарекува “Pro Grand Master”) со цел да му помага во извршувањето на функцијата. Со тоа се придонесе кон зголемивање на угледот на ложата од Лондон како во Англија така и во странство.

Ненадејната смрт на Војводата од Камберленд во 1790 година, беше голем шок за првата Голема ложа, но за среќа него го наследи негов близок роднина, Принцот од Велс, George IV кој подоцна го завзема кралскиот трон. После неговото назначување за Голем мајстор е избран и Francisa Rawdon (подоцна грофот Moir) за извршен Голем мајстор. Во круговите на слободните ѕидари Moir го сметаа за значајна фигура – тој беше војник, државник, администратор и од голема помош на Големата ложа, особено во тој периодот кога француската револуција ја разбранува цела Европа. Во Англија во тој период сите беа скептични кон слободните ѕидари, поради информациите кои беа објавени во една француска книга, според која слободните ѕидари финансиски им помагаат на Јакобинците, а со тоа и на француските револуционери. Против слободните ѕидари не беа превземени никакви акции, благодарение на Moir кој се заложи во кралскиот двор и гарантираше дека слободните Масони не дејствуваат против кралството и владата на Англија.

Индустриската револуција, зголемувањето на трговијата, ограничувањето на правата на граѓаните доведе до формирање на т.н. политички кореспондентни организации и до првите синдикати. Француската револуција како и прифаќањето на голем број на закони од страна на Парламентот (во 18 век) против  “тајните друштва“, резултираше со ширење на страв меѓу слободните ѕидари и до намалување на нивните заседанија. Парламентот во 1799 година донесе Закон со кој ваквите друштва ги прогласува за нелегални и поради ова голем број на ложи во Велика Британија престанаа со своето функционирање. Тогаш, Moir побара прием кај тогашниот Премиер William Pitta и детално му ја објасни основата на функционирање на друштвото и притоа го увери дека слободните ѕидари се наклонети и верно служат на кралството и на англиската владата. Образложенијата кој беа понудени од страна на Moir овозможија да се укине Законот со цел слободно да функционираат слободните ѕидари.

Старата Голема ложа ја сочинуваа најмногу Ирски слободни ѕидари кои дејствуваат преку ирските оперативни ложи.

Laurence Dermottu, роден во 1720 година во Ирска, одличен предводник, стана слободен ѕидар во 1740, а веќе во 1746 година е именуван за Главен мајстор на даблинската ложа. Две години подоцна се пресели во Лондон, каде што стана член на една од тамошните ложи, меѓутоа не се согласуваше со голем дел од одлуките на ложата. Но Dermott беше се освен “бунтовник“ и иако имаше голем број на можности да ја искористи ситуацијата и да завземе подобра положба, тој тежнееше кон чесното слободно ѕидарство. Доблестите кои ги поседуваше најпрво ги примети првиот Голем секретар во Големата ложа, а истите подоцна се согледуваат во неговата конституција “Ahiman Rezon“ или “Помош за еден брат“ која беше објавена во 1756 година. Своето дело го темели врз легендарната прва конституција на англосаксонскиот принц Edwin од 926 година и од ова дело Dermott го “доби“ правото себе и своите браќа да ги назначи како “Стари“, а првата Голема ложа како “Модерни“.

И покрај демократските ставови кои ги штителе “Старите“, во нивната Голема ложа се вклучуваат голем број од високите кругови на англиските благородници како и од кралската фамилија. Меѓу нив најголема заинтересираност кон “Старата“ покажал Војводата од Atholl и во тој период голем број благородници се именувани за Големи мајстори.

Во текот на тие шеесетина години, развојот на ложата се одвивала бавно, но не изостанувала желбата за обединување на двете ложи.Најголема заслуга за спојување на “Старата“ и “Модерната“ ложа му припаѓала на Dermott, иако тој не го доживеал нивното обединување. Од страната на “Модерната“ почестите за спојување на двете ложи му припаѓа на Moir. Обединувањето се реализираше во 1813 година иако преговарачкиот совет на “Старата“ немаше никакви ингеренции за донесување на одлуки без претходна согласнот од Собранието на Големата ложа. Многу лесно дојде до спојување на овие две страни бидејќи и двата Големи мајстори потекнуваа од кралската фамилија: Главен мајстор во Старата Голема ложа беше Војводата од Сасекс, а неговиот помал брат беше Главен мајстор во Модерната Голема ложа, Војводата од Кент. Свечениот чин на обединување беше на 27 Декември 1813 година кога се организирање величенствен прием во “Free Mason Hall” во Лондон, а на прославата присуствуваа членови од 640 ложи. Голем мајстор на Обединетата Голема ложа на Англија (United Grand Lodge of England) едногласно беше прогласен Војводата Augustus Frederick од Сасекс, а предложен од страна на неговиот брат Војводата од Кент.

“Ложата за обединување“ која беше формирана во 1809 година ја сочинуваа по девет мајстори од двете големи ложи и продолжи да функционира наредните неколку години иако во меѓувреме се обединија двете страни.

Од тој настан до денес е поминато околку 200 години, 200 години од развојот на англиското слободно ѕидарство.

Во 1813 година беа донесени конечните принципи на функционирање на англиското слободно ѕидарство. Обединетата Голема ложа цврсто се држеше до своите принципи и не дозволуваше никакви промени. Поради тоа, дојде до прекин со Големата “Orient” од Франција, бидејќи Обединетата Голема ложа не дозволи мешање на верата во “Семоќниот градител на сите светови“ – тоа претставуваше причината за одделување на англиските од француските браќа. Големата Orient од Франција не само што формално се определи за атеизамот и материјализмот, туку сакаше да го негира “Семоќниот градител на сите светови“ и да го забрани “Светиот закон“ (Библијата) во ложата, а со тоа всушност ги отфрли основите темели на ѕидарството.

Во 1814 година Големите ложи во Англија, Ирска и Шкотска склучија договор и од тогаш па се до денес, најважните одлуки се донесуваат со меѓусебно договарање и усогласување.

Georg Frederick Samuel, маркиз од Рипон во 1870 година е избран за Голем мајстор, а претходно ги извршуваше функциите како Голем надгледувач, Голем мајстор во провинција и како претставник на Голем мајстор. За време на неговото извршување на овие функции во лондонската “Alpha Lodge” е примен Принцот од Велс кој подоцна станува Kрал Edward VII. Во 1874 година Edward VII е именувам за Голем мајстор и останува да ја извршува оваа функција се додека не го презеде кралскиот трон во 1901. Неговиот брат Принцот Arthur William Patrick Albert беше примен на 24 Mарт 1874 во ложата “Prince of Wales Lodge Nr. 259”, и од 1901 до 1939 година ја извршуваше фунцкијата Голем мајстор.

20от век

На барање на Големиот мајстор на Големата ложа на Ирска, маркизот од Тулибардин, англискиот Парламент во 1914 година го прифати Законот “Homerulle Bill” со одредба дека собирањето на слободните ѕидари не смее да се смета за незаконито. Кон крајот на 18 Веk беа донесени Закони со кои се забранија тајните друштва, кои всушност беа наменети за англиските и шкотските слободни ѕидари, но не и за ирските. Во своето излагање во Долниот дом на 12 Декември 1912 година Маркизот од Тулибардин  наведе дека не постојат конкретни законски регулативи против ирските слободни ѕидари поради што може да се примени стариот “White Boy Acts”. Државен секретар во Ирска, се декларираше како слободен ѕидар, гласно нагласуваше дека е многу важно да се “заштити едно вакво благородно и братско друштво“.

Со обединување на само четири лондонски ложи во 1717 во мало друштво, кое на крајот прерасна во Голема ложа на Англија, денес вклучува повеќе од 850 ложи, а најголемиот дел од нив се наоѓаат во Англија и Велс, дел има се уште во англиските колонии. И покрај, големите промени кои се случија сепак Големата ложа на Анлија го зачува својот авторитет и не изгуби ниту дел од својот демократски карактер. Понекогаш нејзините постапки делуваа диктаторски и автократски, но членовите на Големата ложа знаеја дека најважно е да се придржуваат кон основните принципи и постулати кои ги имаат донесено.

Во Англија Големата ложа е речиси државна институција, така што за сите поважни случувања внатре во ложата,навремено биле информирани новинарите, а членовите од кралскиот двор се уште ја имале главната и водечка улога: Georg VI бил слободен ѕидар, а во периодот од 1936 до 1937 година ја извршувал функцијата Големиот мајстор во Шкотска; член во друштвото бил и Војводата од Единбург; Војводата од Кент, близок кралски соработник бил именуван за Голем мајстор.

Обединетата Голема ложа на Англија кон крајот на 2002 година вклучуваше 8.629 ложи и 302.539 членови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma