y789.jpg
Дуфските водопади во близина на с. Ростуше до кои од самиот центар на селото се стигнува за 30тина минути. Патеката до водопадите е обележана, уредена, обезбедена со дрвена ограда и истата во неколку наврати е значително стрмна но во поголемиот дел е лесно проодна. До самите водопади се поминува низ Дуфскиот кањон кој е висок […]

gv76.jpg
Во близина на Демир Хисар се наоѓа Слоештица, село во кое се наминува особено ако сте во потрага по шумови кои ги нуди само природата. Ова е право место каде ќе се одморите од сите стресови кои ги носи урбаниот живот. Еден пријател ме праша кое годишно време е најубаво да се посети овој рај. […]

kameni-most_1.jpg
Иако првата асоцијација на Скопје за викенд е „фантастичен шопинг“, прво ќе ви предложиме места на кои помалку ќе потрошите пари, а повеќе ќе се исполните духовно. Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латниски: Scupi). Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици […]

hun8.jpg
Во преспанскиот регион, близу до живописното село Курбиново, во пазувите на планината Пелистер е сместена црква посветена на свети Ѓорѓи. Според времето на живописување, забележано на натписот на северната страна со грчка сигнатура, се претпоставува дека црквата била подигната во годината 1191. Други посигурни документирани податоци за неа, сe уште не се пронајдени. Таа претставува […]

5ctg.jpg
Лазарополе настанало од раселените жители на две позначајни и познати селски населби. Првото е Главино село кое се наоѓало на северозапад од Лазарополе и за кое се претпоставува дека било главно село во Мијачијата.Остатоци на зидови и темели од куќи на ова село се сѐ уште видливи на неговата локација. Второто село е Лопушник кое […]

fvu57.jpg
Веднаш пред влезот на Дебар се наоѓа селото Рајчица, кое брои 10 жители… Свети Ѓорѓи Победоносец е женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски манастир Свети Јован Бигорски. Овој манастир се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир Свети Јован во Дебарското поле. Сепак точната година на изградба […]

g79.jpg
Вирово Не знам што попрвао да Ви препорачам: да ги прочитате думите од Петре М. Андреевски за Вирово, или прво да отидете таму, во таа „скрајотија“ па самото Вирово да Ви биде испеано во слики, тонови и мириси. Вирово е Демир Хисарско село, името го добило сигурно по длабоките вировите кои ќе ги сретнете скоро […]

-бања1.jpg
Велат, во Македонија кај и да копнеш ќе најдеш нешто античко. Но, има и такви работи кои не мора да ги ископаме, кои се наоѓаат на површината, но не ги гледаме и речиси ништо не знаеме за нив. За жал, ние не го цениме она што во нашата татковина го оставиле предците и често кон […]

h801.jpg
Куманово се наоѓа на североисточниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 340 метри, распространето од двете страни на реките Липковка и Кумановка. Според легендата името на населбата потекнува од името на воинственото племе Кумани кои во 1094 год. навлегле во овој крај и извесно време се задржале на територијата на денешна Кумановска општина и пошироко.Други претпоставки за името не постојат. […]

1341.jpg
На западниот брег на Преспанското Езеро, во подножјето на планината Галичица на надморска височина од 855 метри, на самата граница со Република Албанија, се наоѓа селото Стење. Селото Стење се наоѓа на 23 километри западно од централното градско подрачје на Ресен. Самите стенчани сметаат дека нивното село името го добило по стените кои го надвисувале на неговата првобитна локација. Стење е […]

strumica-night3.gif
Струмица е град во југоисточниот дел на Република Македонија и со своите 35 311 жители претставува најголем културен, трговски и политички центар во овој регион. Историската прошетка би пошнала од Астраион, име кое градот за првпат го внесува во пишаните извори се среќава кај римскиот историчар Тит Ливиј, во 181 година пред новата ера. И следејќи ги материјалните остатоци, создавани во разни историски епохи, […]

1340.jpg
Глобочица е македонско вештачко езеро на реката Црн Дрим. Се наоѓа на околу 20 км северозападно од Струга, а изградено е во 1965 година. Природата плени со својата убавина. Езерото Глобочица има долгнавеста и неправилна форма, всушност водата е само заробена како во широко речно корито меѓу високите планини и иако е вештачка акумулација делува многу природно и убаво. Покрај […]

79t96.jpg
Струга е сместена е во подножјето на планината Јабланица, во Охридско-Струшката котлина, на северниот брег од Охридското Езеро, непосредно на местото каде се излива реката Црн Дрим од Охридското Езеро. Струга е стара населба која потекнува од неолитскиот период. Во антиката, Струга има многу профитирано заради тоа што се наоѓала на патот Виа Игнација, кој ги поврзувалисточното и западното римско царство. Археолошките наоди и […]