Matka-_2.jpg
Кањонот Матка зафаќа површина од околу 5.000 ha и се наоѓа на 17 km југозападно од Скопје, тој претставува кањон на рекатаТреска, која е десна притока на Вардар. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните форми – десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри. Покрај богатата ендемична флора, овој предел […]

-езеро-610x269.jpg
Градот Дебар се наоѓа во крајниот западен дел на Западна Македонија и воопшто на Република Македонија близу до границата со Албанија. Од Скопје е оддалечен 131 km, а најблиски градови до него се Струга (52 km) и Гостивар (71 km) Во 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси воМакедонија , Бугариjа, Србија па дури и во Русија. Поради својот економски процут, богатството на своите жители […]

veles_2-610x269.jpg
Велес, како урбана населба постои од 168 год. п.н.е.Градот се наоѓа во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар. Велес е шести град по број на жители во Македонија со вкупно население од 43.716 жители. На северозапад од Велес се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје, на североисток се наоѓа градот Свети […]

tetovo_2-610x306.jpg
Во прошетката низ Тетово ќе ве води Тетовската Менада: Според една народна легенда, е сврзано со еден необичен настан од времето на турското ропство. Имено, во непосредна близина на градот, меѓу два рида, живеела голема змија од која се плашеле сите. Никој не се обидувал на страшната ѕверка да и излезе на мегдан. Само некојси […]

h80-610x269.jpg
Во пишани документи, името Астибо за прв пат го споменува античкиот хроничар Полиен во 3 век пр.н.е, кој известува дека вореката Астибо (денешна Брегалница), биле крунисувани пеонските кралеви. Штип постоел и во времето на Самуиловото Царство, а подоцна го освоиле Византијците. Во 9 век бил под бугарска власт, а побитката кај Велбужд (Ќустендил) потпаднал под српскиот владетел Стеван Дечански. Во 1382 година подрачјето потпаѓа под власт на Османлиската Империја. При крајот на 19 век, […]

f754ru90.jpg
Како населба, наречена КРАТИСКАРА, градот Кратово егзистирал уште во римско време, најмногу благодарение на рударското богатство од околината .Во време на византиското царство тој бил познат под називот КОРИТОН. За него се вели дека во 11-13 век бил важен трговски центар особено на предмети од злато, сребро и бакар.Кон крајот на 13 век кога градот потпаднал […]

naslovnajo.jpg
На падините на Осоговските планини, во непосредна близина на пограничниот град Крива Паланка, се наоѓа манастирскиот комплекс, посветен на пустиножителот Св. Јоаким Осоговски, за кого се смета дека е негов основоположник. Манастирот нема ктитор, туку народот сам го градел, на што кривопаланчани се особено горди. Манастирот во својата богата историја бележи подеми и падови и […]

naslovna18.jpg
Некогашната манастирска црква, која што денес е во урнатини, претставувала катедрален храм на Струмичката епископија. За прв пат се споменува во повелбите на Василиј Втори, во 1086 година. Овој храм имал најмалку три фази на градење. Од најстариот објект кој бил на источната страна, се зачувани фрески од XI век кои се меѓу најстарите сликани […]

pelister-610x269.jpg
Националниот парк Пелистер е лоциран на планината Баба, покрај јужната граница на Република Македонија, на само 15 километри од Битола. Пелистер нуди природно прибежиште од урбаниот живот. Овдфе постојат богати, добро развиени шуми и уникатни геолошки формации како на пример Палеозојски и Мезозојски магматски карпи и слоеви кварц. Јадрото на Баба Планина е од гранит […]

0277-610x269.jpg
Во пазувите на планината Бистра, лежи Галичник, за упатените – синоним за автентичност, мајсторско копаничарство, уметност, преродбеништво, впечатливи традиционални битови обичаи и архитектура, неверојатно вкусно сирење и кашкавал. За оние кои не го познаваат – Галичник е свет кој неизоставно мора да се открие, зашто во него духовноста и инспирацијата создале чудесни богатства. Галичник е […]

881-610x269.jpg
Козјак е езеро долго 32 километри, некаде е длабоко и 130 метри, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 метри. Се наоѓа на идеална надморска височина од неполни 300 метри. Има најбогат рибен фонд. Основата на браната е 500, а круната или врвот 310 метри. Тоа е најдолго вештачко езеро во државава. […]

ezero-610x269.jpg
Се наоѓа на 165 метри надморска висина на 12 километри јужно од Кавадарци. Езерото е направено во 1968 кога е изградена браната која е висока 104 метри. Површината на езерото е околу 14 квадратни километри, максималната должина му е 28,5 километри, има максимална длабочина од 150 метри и капацитет од 475 милиони метри кубни вода. […]

kuklica-naslovna-610x269.jpg
Куклица е мало село од раштркан тип кое се наоѓа 8 км северозападно од Кратово. Сместено е на десната долинска страна на Крива Река, во нејзиното средно сливно подрачје, на надморска височина од 430 до 700 метри. Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била […]

escort - Korsan taksi