Франција го прогласи Google за монопол

24 септември, 20100
Google_Logo

Француското Конкурентско Тело официјално го прогласи Google за монопол. Овој заклучок не е новост, но одлуката се појавува и оди после сите неофицијални заклучоци во САД или на некое друго место.“Google има доминантна позиција на маркетиншкиот пазар поврзано со он-лајн пребарувањата”, заклучува Француското Тело”. Неговиот пребарувач ужива голема популарност и во моментов изнесува 90 проценти од веб-пребарувањата на ниво на Франција. И покрај тоа, постојат силни бариери за влез во оваа активност”.Детерминирајќи го Google како монопол, агенцијата им наредила на компаниите да продолжат да ги нудат своите услуги на француската компанија Navx, која што продава база на податоци кои им овозможуваат на возачите во Франција информации каде полицијата поставила радар-стапици.Google сметаше дека бизнисот со Navx е невкусен, па така во ноември мината година, го стопираше бизнисот со Navx. Како резултат на тоа, продуктот за откривање на радар-замките веќе не бил достапен на пребарувачот.Navx се пожали на француската влада, велејќи дека нивната продажба и профит драстично опаднале. Така, властите наредиле Google да продолжи со продажбата на реклами, за и Navx да продуцира јасно дефинирани полиси и кога рекламата треба да биде одбиена од Google.“Дискриминаторските практики може да и наштетат на конкуренцијата, кога потрошувачите на една компанија која држи доминантна позиција, се наоѓаат во нерамноправна положба во однос на конкуренцијата на својот пазар”, заклучуваат властите. ”Ние и понатаму се надеваме на позитивен исход”, вели Адам Ковачевиќ, портпарол на Google. ”Француските власти ги признаваат правилата на Google за соодветно рекламирање на својот пребарувач”. Поставувањето на прифатливи гаранции може и не е така лесно. Поентата на француската влада е тоа што зборува за дискриминација на Navx во неземањето реклама од нив, додека прифаќа реклама од компанијата “Гармин”, која се занимава со слична продажба на позиционирачки уреди, слични во функцијата.Но, ако Google повторно го одбие Navx, тоа би имало траен ефект. ”Сега, кога прелиминарните резултати докажаа дека тие имаат доминантна позиција, тие ќе треба да бидат внимателни”, вели Рон Софер, адвокатот на Navx, кој истакнува и дека правилата и процедурите во врска со рекламните зборови ќе мора да поминат на контрола и кај властите. Ако е така, Google ќе мора да вработи луѓе кои се занимаваат со пишување, ревидирање и одбрана на своите политики. Тоа не е трошок што некоја просечна компанија ќе го поднесе. Одбраната на Google е дека на релевантниот пазар се е реклама, во кој Google има помал удел, отколку во он-лајн пребарувањата каде е доминантен. Се чини дека ако француските власти не ја променат својата одлука, тоа ќе биде официјален прв преседан да се отфрлат аргументите на Google.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi