Десерт кој сигурно ќе ве освои!

12 октомври, 20120
desert

Јагоди, хопла, бадеми… чоколада. Комбинација на која паѓа секој. Подгответе го овој вкусен десерт и освојте го парттнерот.

Потребни состојки за пандишпанот:

75 гр мелени бадеми

150 гр чоколадо

2 лажици шеќер во прав

100 гр путер

Во еден сад за матење ставете ја чоколадата, претходно изрендана, бадемите, шеќерот и измешајте. Потоа додадете го растопениот путер. Измешајте убаво за да се изедначи смесата. Потоа расукајте една кора и со помош на чаша исечете ја кората на парчиња. Ставете ги на некоја поголема чинија и оставете ги два часа во фрижидер.

Хопла

Изматете ја хоплата, и кога ќе биде густа како шлаг престанете со миксирањето.

Јагодите

Исчистете ги јагодите и пресечете ги на половина. Доколку сакате може да изберете и некое друго овошје кое го има во моментот.

На пандишпанот со помош на лажица за сладолед ставете од хоплата, а потоа ставете ги јагодите со внатрешната страна од надвор. Одозгора поклопете со чаша, со која го сечевте пандишпанот и оставете ги во фрижидер.

За декорација

За да ефектот биде поголем, украсете со чоколадни срциња. На хартија за печење со чоколаден прелив направете форми на срце и ставете ги нека се замрзнат. Кога ќе бидат смрзнати ќе може лесно да ги извадите од хартијата.

На крајот извадете ги колачињата кои исто така беа во замрзнувачот. Извадете ги чашите и ставете одозгора по едно срце.

Верувајте дека по овој сладок десерт ќе следат уште послатки моменти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi