Лазањи со брокула

12 октомври, 20120
29575_lazanja-sa-brokolijem-stock-photo-vegetarian-lasagna-61264180[1]_iff

Потребни состојки:

  • Пакување кори за лазањи
  • 800гр брокула
  • сол, бибер
  • 200гр кашкавал

За бешамел:

  • 100гр путер
  • 100гр брашно
  • 1л млеко
  • лажичка сол

Начин на подготовка:

Измијте ја брокулата, иситнете ја и издинстајте. Корите за лазањи подгответе ги според упатството на пакувањето.За бешамел сос на силен оган истопете путер, па додадете брашно и пржете околу две минути, со постојано мешање да не загори. Потоа тргнете од оган, сипете околу третина од подготвената количина млеко и постојано мешајте да не се направат грутки. Вратете на оган и варете на пониска температура, со повремено додавање на останатото млеко. На крајот посолете го сосот и оставете да се олади.Во плех редете ги лазањите, сосот, брокулата, рандан кашкавал, а повторете ја постапката додека не го употребите целиот материјал. Кратко запечете во рерна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi