Луто пилешко
29 септември, 20120
Состојки:
- 1 лажица чили
- 40мл сончогледово масло
- 100гр брашно
- 500гр пилешко филе
- 2 лажици вегета
Начин на подготовка:
Исецкајте го пилешкото на коцкички 2х2 сантиметри. Во поголем сад ставете го пилешкото додадете 2 лажици вегета, и 1-2 лажици чили, во зависост од тоа колку сакате луто, па сето тоа добро промешајте го.
Во голема тава ставете масло и загрејте на највисока температура. Месото избрбелајте го во брашно и внимателно ставете го во тавата, и пополнете ја целата. Пилешкото го пржите од секоја страна 3 до 4 минути. Потоа извадете го пилешкото од тавата. Можете да го сервирате заедно со помфрит.