Паста во сос од сирење и лук
12 септември, 20120
Потребни состојки:
– едно пакување шпагети или било кој друг вид на тестенини
– маслиново масло
– 3 чешниња лук
– еден врзоп магдонос
– 150 гр сирење
– сол и бибер
Подготовка:
Сварете ги тестенините, а додека тие се варат вие подгответе го сосот. Во загреаното маслиново масло ставете го исецканиот лук и на кратко пропржете го. Ставете го исецканиот магдонос и тргнете го садот од оган. Зачинете и убаво промешајте. Со овој сос прелијте ги шпагетите, а одозгора ставете голема количина на рендано сирење.