Ролат од шунка и спанаќ

10 јуни, 20120
6

Потребни состојки:

 

  • 350 гр. спанаќ
  • 5 јајца
  • 100гр. брашн
  • 2лаж. густин
  • 2 чена бел лук
  • 150 гр. шункова салама
  • Малку путер, сол, бибер

 

Начин на подготовка:

 

Измијте го добро спанаќот, процедете го и исушете го на крпа, па исецкајте го на тенки ленти. Измешајте, брашно и густин, а лукот ситно сецкајте го. Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги со малку сол, и изматете цврст шлаг. Во жолчките додадете го лукот , сол, бибер, брашно,  густин, и на крајот, наизменично додавајте ги траките од спанаќ и изматените белки.

Рерната загрејте ја на 160Ц. Обложете ја тавата со хартија за печење, премачкајте ја со парче путер и на тоа претурете ја смесата и печете 18 мин. На испеченото тесто ставете ја шунката , па полека замотајте го во ролат. Кога ќе се олади ролатот исечете го на кришки со дебелина од 1,5см. и послужете.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi