Завршена е обдукцијата на телото на Витни Хјустон, полицијата не сака да ги соопшти наодите!

13 февруари, 20120
US-ENTERTAINMENT-MUSIC-HOUSTON-OBIT-FILES

Потполно неочекувано, полицијата на Беврли Хилс вчера одбила да ги соопшти наодите од аутопсијата на телото на Витни Хјустон (48), која во саботата е најдена мртва во кадата во хотелската соба во Лос Анџелес.

“Во овој момент ништо нема да соопштиме”, изјавил Џон Кејдс од Одделот за судска патологија во Лос Анџелес.

Медиумите соопштуваат дека полицијата ставила рака на извештајот од обдукцијата, бидејќи обелоденување на било какви детали од него може да ја загрози истрагата која е во тек.

Полицијата претходно соопштила дека “нема очигледни знаци од криминално дејствие”, но со одбивањето да се соопштат наодите, разбудило сомнеж дека со обдукцијата е пронајдено нешто неочекувано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi