Пронајден поседниот земунец

25 октомври, 20120
CeBIT Polizei
Дејан Ранѓеловиќ (36), последниот член на земунскиот клан е уапсен во Германија. Тој е осомничен дека во 2002 година учествувал во киднапирањето и убиството на Слободан Радосављевиќ Булка, а уапсен е во Минхен заради кражба. Меѓутоа, со оглед на тоа што по него Интерпол има распишано потерница за соучество во злосторствата на земунскиот клан постои основ Србија да бара негова екстрадиција. Ранѓеловиќ скоро 10 години избегнува соочување со правдата во врска со злосторствата на земунскиот клан. Тој е осомничен за злосторничко здружување, како и за учество во убиствата на Радосављевиќ и Горан Трајковиќ. Ранѓеловиќ бил шест години во бегство. На Ранѓеловиќ му било судено во отсуство, а иако е еден од помалку познатите земунци, постапките против него се полни со контроверзии. Некои од делата за кои се товари се застарени, за поединечни му се суди во одвоени постапки,  а во некои немало докази.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi