Хормонот на среќата наречен серотонин

21 јануари, 20120
s

Серотонинот е еден од околу 50-те невротрансмитери во мозокот. Невротрансмитери се материја со чија помош се предава информацијата помеѓу различните клетки и центри во мозокот. Серотонинот игра важна улога во контролата на определени телесни функции како сонот, расположението, поведението, сексуалната желба. Во последниве години се смета дека депресијата и опсесивно компулсивните растројства се предизвикани од нарушениот баланс на нивото на серотонинот.

Некои храни можат да влијаат на продукцијата на серотонин. Продуктите како јаглехидрати, масна риба и омега 3 ја зголемуваат секрецијата на хормонот и помагаат за доброто расположение. Аминокиселината триптофан е есенцијална за продукцијата на серотонин, а ја има во чоколадата, бананите, млекото, мангото и др.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi