Aioli – Идеален сос за сите видови летни салати
Збогатете го вкусот на Вашата омилена летна салата !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 чешне лук
2 жолчки
Малку сол и бибер
1 шолја за кафе маслиново масло
1 лажичка сенф
½ лажичка ладна вода
1 лажичка сок од лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Priprema
Лукот испрасирајте го ( можете и во блендер)
Во сад ставете ги жолчките и сенфот и матете со миксер околу 5 минути. За цело време на матењето полека доливајте маслиново масло ( половина од препорачаната количина)
Потоа ставете ја водата, лимоновиот сок и биберот, постојано матејќи и кога на крај пополека додадете го остатокот маслиново масло.
Напомена:
Сосот треба памалку густ во однос на купчки мајонез. Доколку се лепи за садот во кој го превеевте додадете малку топла вода.
Варијација:
Со рузмарин – додадете 2 лажички мелен свеж рузмарин
Уживајте во вкусот!!!