Бразилски лепчиња со кисело млеко

17 јули, 20130
9

Потребни намирници за 6 порции:

½ кг брашно

250 гр кисело млеко

400 гр кашкавал

3 јајца

1 чаена лажичка квасец

Сол

Начин на подготовка:

Брашното, киселото млеко, јајцата, квасецот и солта треба добро да се измешаат. Потоа се додава и изренданиот кашкавал и се меси 10-15 минути. Се остава тестото да одстои 45 мин – 1 час.

Откако ќе нарасне, тестото се сече на мали парчиња, од кои се оформуваат многу тенки долгнавести или кружни лепчиња. Се оставаат да одстојат во формата за печење 15 -30 мин, после што се печат до добивање златна кора, околу 35-40 мин.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi