Чоколаден милкшејк

25 март, 20130
11

Рецептите за милкшејк се едни од наједноставните но и највкусните десерти кои ги сакаат и возрасните и децата.Брзи и лесни за припрема милкшејковите се задоволство во кое сакаме да уживаме од време на време. Пробајте го овој рецепт наредниот пат кога ќе бидете расположени за нешто благо.

Меѓу најпопуларните се чоколадниот, ванила и милкшејк од јагода.Иако традиционалните се прават со сладолед, тие кои сакаат да уживаат во овој десерт а не сакаат да се грижат за калориите може да направат некои алтернативи со кои ќе ги намалат калориите на овој пијалок.

Млеко со помалку маснотии, млеко од бадеми,милкшејк без сладолед или некои други алтернативи се само некои примери кои ги покажуваат големиот број на можности кои ги имаме за да ги измениме овие рецепти.

Чоколаден милкшејк

Потребни состојки:

  • ¼ чаша млеко
  • 2 лажици сладолед од чоколадо
  • 2 лашици путер од кикирики
  • чоколадни трошки

Изблендирајте ги млекото, чоколадниот сладолед и путерот од кикирики две минути и потоа додадете чоколадни трошки.Место чоколадни трошки може да користите и прелив од чоколадо.

Уживајте!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi