Коктел „Витаминска бомба“

24 август, 20130
6

Овој пијалок се препорачува да се козумира неколку пати во текот на денот после бурна ноќ или пак ако активно се занимавате со физичка активност и на вашиот организам му треба дополнителна доза витамини и минерали. Или пак едноставно како освежување во овие летни денови.

Рецепта за свеж овошен и зеленчуков коктел

Неопходни продукти за две порции:

400 гр зелени јаболки

½ снопче магдонос

3-4 лимони

3-4 моркови

2 портокали

Начин на приготвување:

Јаболките се лупат и се сечат на парчиња и заедно со магдоносот се поставуваат во блендер или соковник. Потоа додадете ги и останатите намирници со исклучок на лимоните кои се потребни за подготвување коцки мраз.Се сервира во високи длабоки чаши или тегла која до половина се полни со коцките мраз од лимон.

Коцките се приготвуваат еден ден порано. Во секое коцкиче од садот за замрзнување се исипува сок од лимон 1/3, се додава мало парченце лимон и се дополнува со вода. Потоа се замрзнува. Ова освен што има декоративен ефект, го подобрува вкусот со постепеното одмрзнување на лимоновиот сок и одлично освежува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi