Лепчиња со лук

21 август, 20130
6

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За премачкување

25гр путер

0.5 лажичиња лук во прав

0.5 лажичиња сол

ТЕСТО

0.5 коцки квасец

1 лажиче сол

500гр меко брашно

1 лажиче оцет

1 лажиче шеќер

300мл вода

Квасецот и шеќерот полиете ги со 1 лажица млака вода, па мешајте се додека не се се истопи.

Просеете го брашното, додадете сол, измешан квасец,вода и едно лажиче оцет.

Со лажица мешајте го тестото10-15 минути, додека не престане да се лепи. покриете го со пластична фолија и оставете го 1 час да надојде.

 

Ставете брашно на работната површина, ставете го тестото и врз него ставете брашно на горната страна. Премесете го тестото и поделете го на 4 еднакви делови, па од секој дел направете форма како на сликата. Потоа формата исечете ја на 6 еднакви делови, а од секој дел со дланките обликувајте топче, додавајќи по малку брашно доколку тестото ви се лепи за рацете. Наредете ги во плех предходно обложен со хартија за печење и повторно оставете ги уште половина час да нараснат.

Лепчињата печете ги во рерна загреана на 250 степени околу 12 минути, да добијат убава румена боја. на крајот истопете го путерот, додадете го лукот  и сол, па премачкајте ги врелите лепчиња.

Пријатно!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi