Лесен колач со лимон и мак
19 август, 20130
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 лажиче прашок за пециво
* 200гр брашно
* исцеден сок од два лимона со кора
* 200гр путер
* 220гр шеќер
* 5 јајца
* 15гр маково семе
* 6 лажици млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ги матиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер до добивање на густ крем.
Ги додаваме путерот и лимонот – корите и сокот, мешаме и го додаваме брашното со измешаниот прашок за пециво.
Ги додаваме млекото и макот и мешаме додека да добиеме хомогена смеса.
Ја ставаме смесата во тава и печеме на 180 степени, околу 40 минути.