“Magic“ торта
Состојки:
200 гр шеќер
170 гр маргарин
150 гр брашно
200 гр + 4 лажици слатка павлака
45 гр какао
½ лажичка сода бикарбона
½ лажичка прашок за пециво
2 јајца
1 портокал
Глазура: 60 гр млечна чоколада
50 гр чоколада за готвење
2 лажици масло
Подготовка: Шеќерот се карамелизира, па се додаваат маргарин и 4 лажици павлака. Се топи на слаб оган.
Се мешат брашното, какаото, содата и прашокот за пециво. Во смесата се додаваат матените јајца и слатката павлака, па се додаваат во смесата со шеќерот и маргаринот, откако малку претходно ќе се олади. Добро се меша па се додава сок од портокал и рендана кора. Повторно се меша и се исипува смесата во калап премачкан со масло и обложен со хартија. Се пече на 190 степени. На пареа се топи чоколадата со масло. Печената торта се поставува на тацна. Откако ќе се олади се посипува со глазура. Кога глазурата ќе се стегне, се сече на парчиња.